Прескокни до содржината
Поврзано со L1-L5

Болки во долниот грб: од седење, работа или стрес.

Речиси секој возрасен барем еднаш чувствувал болка во долниот грб. Кога станува секојдневие, време е за промена.

Третман на N5 кревет во Нуга Бест Штип: болки во долниот грб

Препознавате ли ги овие знаци?

  • Тапа болка во долниот грб
  • Вкочанетост по станување
  • Болка при наведнување
  • Напнатост по долго седење
  • Замор во нозете

Зошто се јавува?

Лумбалниот дел (L1 до L5) ја носи најголемата тежина на телото. Долгото седење, лошото држење и слабите мускули на стомакот и грбот го оптоваруваат секој ден.

Физичката работа, кревањето тешки предмети и стресот прават мускулите околу ’рбетот да останат напнати и по завршување на работата.

Како може да помогне N5 третманот.

Топлина

Загреаната турманиумска керамика ги опушта напнатите мускули и ја подобрува циркулацијата во делот што ве боли.

Нежно растегнување

Движењето долж природната крива на ’рбетот помага мускулите околу пршлените да попуштат.

Масажа и акупресура

Проекторите полека се движат долж ’рбетот и притискаат точки од ориенталната медицина, без болка.

Долги инфрацрвени зраци

Топлината навлегува подлабоко во ткивото и ја поддржува природната обнова на телото.

Нуга Бест е дополнителна, природна терапија. Не ја заменува дијагнозата и третманот кај лекар.

Кога прво да одите на лекар

Ако имате некој од овие знаци, не чекајте. Јавете се кај вашиот лекар или на итна помош.

  • Болката не попушта ниту ноќе, во мирување
  • Болката започнала по пад или удар
  • Имате температура заедно со болката
  • Чувствувате слабост или губење на чувство во нозете
  • Губите контрола врз мокрењето

Често поставувани прашања

Дали боли за време на третманот?

Не. Чувствувате пријатна топлина и притисок по ’рбетот. Интензитетот се прилагодува.

Колку трае еден третман?

Еден третман трае 32 минути. Лежите облечени, во удобна облека.

Може ли да дојдам веднаш по силен напад на болка?

При акутна, силна болка, особено по повреда, прво одете на лекар. Кога болката ќе се смири, третманите може да помогнат во опуштање.

Пробајте бесплатно.

Првата терапија е бесплатна за секој нов клиент. Потоа: 450 ден. по третман или од 130 ден. со месечен ваучер.

Други тегоби

Закажи бесплатна проба